На владина седница ќе се одлучува за цената на струјата од 1 ви јануари 2023

Од 1 јануари се зголемува стапката на ддв за електричната енергија.Сепак, се уште нема пресметка дали и за колку ова ќе повлече и зголемување на цената на струјата.

Владиниот советник за енергетива вели дека ЕСМ сеуште не ги доставиле пресметките за следната година од кои ќе зависат и пресметките за цената на струјата. За ова ќе се одлучува на затворена владина седница.

Од владата тврдат дека досега има стабилен енергетскиот систем.

Според надлежните рестрикции за струја нема да има.

Од опозициската ВМРО -ДПМНЕ пак, обвинувањата  се дека се увезува струја за што се плаќаат милиони.

За дел од прехранбената индустрија веќе се испорачува струја од регулиран пазар по пониска цена. Така треба да повлече и поевтинување на основните прехранбени производи.  Сепак во маркетите е регистрирано намалување на цената на лебот, повисока цена на млекото.