Најстариот падобранец во Европа е Ибрахим (88) од Тузла, скокнал 1.487 пари
Ибрахим Калешиќ од Тузла со 88 години се уште скока со падобран, а целта му е да продолжи со тоа уште 10 години.
Двојниот рекордер скока со падобран веќе 70 години, а веќе скокнал 1.487 пати.
Овој 88-годишник неодамна скокнал со падобран 21 пат за пет дена.
„Се чувствувам одлично, ментално сум одморен и уживам во одлично друштво“ – изјави Калешиќ за „Ројтерс“ за време на Parachuting Challenge во Бихаќ.
Тој вели дека негова најголема желба е да добие свој падобран.
„Јас сум пензионер без можност да купам падобран и би сакал да имам за да можам да ги тренирам моите ученици кои потоа би ме замениле на натпреварите во скокови“ – рече тој.
Првпат скокнал пред повеќе од 70 години, тој е најстариот падобранец во Европа кој активно скока и нема намера да застане тука.