Најскапо продаден стан е на територијата на градската општина Савски Венац
Српскиот Геодетски завод објави дека продолжува растот на пазарот на недвижности во државата и на крајот од 2025 година, со што вкупната вредност на прометот во четвртиот квартал од минатата година изнесувала 2,4 милијарди евра.

Најголем удел во вкупната вредност на тргуваните недвижности има продажбата на станови со 1,4 милијарди евра, со учество од 61 процент од вкупната тргувана вредност.
Вкупно 768,5 милиони евра се издвоени за станови во Белград.
Најскапо продаден стан е на територијата на градската општина Савски Венац, со вкупна површина од 90 квадратни метри – 1,4 милиони евра, додека најскапиот квадрат е продаден по цена од 15.298 евра, исто така на територијата на таа градска општина.
Најскапата куќа е продадена на територијата на градската општина Савски Венац за еден милион евра.
Најскапиот гаражен простор во четвртиот квартал е платен за 60.000 евра.
Кога станува збор за начинот на плаќање, 14 проценти од сите тргувани недвижности беа финансирани преку кредити, што претставува зголемување од три процентни поени во споредба со истиот период од претходната година.