Најнови детали за смртта на Коби Брајант – првпат од 2020 година се појави извештајот од аутопсијата на легендарниот кошаркар!

Наскоро ќе навршат четири години откако Коби Брајант трагично го загуби животот во јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џана и уште седум други луѓе во Калифорнија.

Три години подоцна во јавноста „излезе“ извештајот од обдукцијата на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, во кој беа откриени некои нови запрепастувачки податоци.

Имено, леталото се запалило при падот и ниту еден од патниците немал шанса да преживее, но доколку тоа не се случеше, мали се шансите Коби да го преживеал падот. Ова го потврдува и обдукцискиот извештај.

Според него, „Црната Мамба“ се здобил со тешки повреди на главата, белите дробови, стомакот, како и сериозни повреди на главата, вратот, ‘рбетот и мозокот… Покрај тоа, се наведува и дека ја загубил десната рака како како и неговите леви нозе. Според овој извештај, Коби бил мртов уште пред да се запали хеликоптерот!

Што се однесува до пријавите за останатите патници, тие не се појавија во јавноста, но се претпоставува дека и тие имале слични повреди како Коби, односно дека никој од нив, за жал, не можел да се спаси.