Најмалку 6 убиени во училиште во Белград

Најмалку 6 лица меѓу кои и повеќе ученици и еден чувар се убиени денеска во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, пренесе српскиот портал Нова.рс

Убиството го извршило 14 годишно момче, а според информациите на овој медиум, тој со пиштол влегол во една училница каде бил во тек час по историја и отворил оган кон учениците.

Три деца се хоспитализирани во Детската универзитетска клиника во главниот град на Србија, од кои две се во стабилна состојба, но едно дете и натаму е во критична состојба, пренесува порталот Нова.

Неофицијално, се говори за повеќе од 10 ученици со прострелни рани кои биле пренесени во Ургентниот центар.

Прва жртва на нападот бил чуварот во училиштетот, идентификуван како Драган, кој набргу откако бил застрелан, починал од раните.

Пред училиштето биле испратени повеќе возила на Итната помош кои се обиделе да им помогнат на ранетите деца.

Откако го извршил злосторството, 14 годишното момче побегнало, но набргу потоа било уапсено од полицијата.