
Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа
-Најмалку 50 лица загинаа, меѓу кои и 22 деца, во израелските напади врз Појасот Газа што траат од синоќа, изјави портпаролот на Цивилната заштита на Газа, Махмуд Басал, додавајќи дека уште околу 200 лица се ранети.
Најмалку 50 лица, меѓу кои и 22 деца, загинаа ноќеска во израелските напади врз Појасот Газа, додека еден израелски војник загина во борбите на палестинската територија, објавија француските медиуми.
-Најмалку 50 лица загинаа, меѓу кои и 22 деца, во израелските напади врз Појасот Газа што траат од синоќа, изјави портпаролот на Цивилната заштита на Газа, Махмуд Басал, додавајќи дека уште околу 200 лица се ранети.
Нападите се „јасно и флагрантно кршење на договорот за прекин на огнот“, рече Басал, додавајќи дека ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофална и застрашувачка“.
Израелската армија објави дека еден од нејзините војници е убиен вчера во Појасот Газа, и покрај прекинот на огнот што е на сила од 10 октомври меѓу Израел и палестинското движење Хамас.
Според извештаите, 37-годишниот војник бил убиен во борбите на југот од Појасот Газа. Армијата го обвини Хамас за кршење на прекинот на огнот.