(Вознемирувачко видео) Трагедија: Најмалку 50 мртви во пожар во дискотека во Кочани

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР

Најмалку 50 жртви, неофицијално, има во големиот пожар што избувнал ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на популарната македонска група ДНК , на кој присуствувале 1.500 посетители.

Глетката на местото на несреќата била стравична – на сите страни изгорени тела на млади луѓе. До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства.

Во болницата во Кочани се примени десетици повредени лица. Директорката на кочанската болница за „Слободен печат“ изјавила дека починати има, но дека јавниот обвинител ѝ забранил да каже колку.

–Од повредените околу 60 пациенти се препратени за Штип во таа болница, а кај нас 30 се задржани, изјавила директорката.


Повеќе десетици пациенти од катастрофалниот пожар во Кочани се префрлени и во скопските клиники и болници. Пациенти се префрлени во болницата 8-ми септември во Скопје.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски се на местото на трагедијата.

Градоначалникот на Кочани плачел кога репортерка на Телма му се јавила утрово и ноз солзи само кратко и одговорил дека ќе има официјално соопштение. Наскоро се очекуваат првите официјални информации од местото на несреќата.

ТВ СТАР од Штип објави снимка од пожарот, повредените испратени низ повеќе болници во Македонија.

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани. Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови. Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 дури и над 100. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа противпожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи.

Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК.