Најмалку 48 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија
Најмалку 48 лица загинаа денеска кога камион цистерна со гориво експлодира по судир со друго возило во северно-централниот дел на Нигерија.
Државната агенција за управување со вонредни состојби наведува дека во судирот учествувале повеќе возила, пренесе Ројтерс.
Цените на бензините во Нигерија се зголемија за најмалку 39 отсто минатата недела, што е второ големо зголемување за повеќе од една година, но недостигот продолжи, принудувајќи ги возачите да чекаат редици со часови во поголемите градови и населени места во земјата, пренесува Танјуг.