Најмалку 45 аџии загинаа во автобуска несреќа во Саудиска Арабија
Четириесет и пет индиски аџии загинаа откако автобусот со кој патувале се запалил во несреќа близу Медина во Саудиска Арабија – изјави началникот на полицијата на индискиот град Хајдерабад, јавија светските медиуми.

– Во автобусот имало 46 патници, изјавил В. С. Сајјанар на прес-конференција. Тој додаде дека мажот кој ја преживеал несреќата е хоспитализиран на одделението за интензивна нега во локалната болница.
Поголемиот дел од жртвите се од Хајдерабад, кој се наоѓа во јужната индиска сојузна држава Телангана.
Аџиите патувале од исламскиот свети град Мека кон Медина кога се случила несреќата, соопшти владата на Телангана.
Тие отпатувале во Саудиска Арабија на аџилак.
Индискиот премиер Нарендра Моди објави дека е „длабоко ожалостен“ поради несреќата и оти индиските власти се во контакт со службениците во Саудиска Арабија.