Најмалку 41 лице загина во израелските акции во Појасот Газа
Најмалку 41 лице загина, а 113 се ранети во последните 24 часа во Појасот Газа, како резултат на израелските акции, јави телевизијата Ал Џезира, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство на палестинската енклава.
Како што соопшти Министерството, вкупниот број на загинати од почетокот на израелската операција во Газа во октомври 2023 година е 40.476, а ранети се најмалку 93.647 Палестинци.
Тензиите повторно се разгореа на Блискиот Исток на 7 октомври 2023 година, откако борците од палестинската група Хамас со седиште во Газа започнаа ненадеен упад на израелска територија, убивајќи голем број израелски жители на Кибуц што живееја во близина на границата со Газа и киднапираа повеќе од 240 Израелци жени, деца и стари лица.
Израел најави целосна блокада на Појасот Газа и започна со бомбардирање на енклавата и некои области во Либан и Сирија, како и копнена операција против Хамас во Појасот Газа. Судири има и на Западниот Брег, пренесува ТАСС.