
Најмалку 40 лица загинаа во пожар во скијачки центар во Швајцарија
Неколку десетици лица загинаа, а околу сто се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, јавува Би-би-си.
Неколку десетици лица загинаа, а околу сто се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, јавува Би-би-си.
Во соопштение до медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека барот ја славел Новата година. Во објектот собирало 300 гости, но официјалните лица уште немаат излезено со бројот на гости присутни при пожарот. Локалот затворал во 2 часот, но не се знае ни дали било планирано да работи подоцна заради дочекот на Новата година.
Двајца француски државјани меѓу повредените
Француското Министерство за надворешни работи потврди дека француски државјани се меѓу повредените во пожарот во Швајцарија.
Министерството соопшти дека двајца француски државјани се повредени во пожарот во Кран-Монтана, кој избувна на 1 јануари.
„Франција изразува сочувство до семејствата и најблиските на жртвите од пожарот што избувна на 1 јануари во Кран-Монтана. Двајца француски државјани се меѓу повредените. Тие веднаш беа згрижени од службите за итни случаи“, се вели во соопштението.
Додадено е дека конзуларните тимови на француското Министерство за надворешни работи се во контакт со швајцарските власти.
„Најмалку 40 мртви“
Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали меѓу загинатите или повредените во пожарот во Швајцарија има италијански државјани.
Повикувајќи се на локалните власти, дека најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени.
Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на загинати. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви.
Италијанското министерство, исто така, изјави дека многу од жртвите засега не можат да бидат идентификувани поради тешки изгореници на нивните тела.
Италијански хеликоптер за цивилна заштита со спасувачка екипа беше исто така распореден за да им помогне на локалните власти.
Кантоналната влада прогласи вонредна состојба
Според швајцарските медиуми, кантоналната влада прогласи вонредна состојба по експлозијата во Кран-Монтана.
Според соопштението што го виде швајцарскиот дневен весник Блик, одлуката е донесена со цел веднаш да се мобилизираат сите потребни ресурси во наредните денови.
Кантоналната влада соопшти дека изразува длабока солидарност со сите погодени од трагедијата и дека нејзините мисли се со жртвите, нивните семејства и сите други кои беа погодени.
„Локалната единица за интензивна нега е целосно екипирана“
Објавени се повеќе детали за итната операција – десет хеликоптери, 40 амбулантни возила и 150 лица од службите за итни случаи беа испратени на местото на настанот.
Повеќето од повредените претрпеа сериозни повреди, претежно сериозни изгореници.
Повеќето од жртвите беа однесени во болница во кантонот Вале, каде што единицата за интензивна нега сега е целосно екипирана, изјави шефот на регионалната влада Матијас Рејнард.
Тој потврди дека единицата за интензивна нега во болницата Вале е целосно екипирана и дека пациентите ќе бидат префрлени во други здравствени установи. Некои од повредените веќе се префрлени во универзитетски болници низ Швајцарија.
„Некои од жртвите моментално се стабилизираат во единици за интензивна нега, а потоа ќе бидат префрлени во други универзитетски болници за лекување на сериозни повреди“, рече Рејнард.
Во пожар на новогодишна забава во ски-центар во Швајцарија загинаа неколку лица