Најмалку 30 лица загинаа во израелски напади врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во Газа.
Портпаролот на Агенцијата Махмуд Басал изјави дека 12 лица, меѓу кои и жени и деца, загинале во нападот што се случил синоќа нешто пред 21:40 часот по локално време, додека 14 лица се водат како исчезнати и најверојатно се заробени под урнатините.
Пред тој инцидент, директорот на Агенцијата Ахмад ал-Кахлут рече дека 18 лица биле убиени во неколку напади, вклучително и напади врз осум училишта во кампот, кои служеле како засолништа за раселени лица. ј