Најмалку 29 лица починаа, повеќе од 100 се во болница во Индија поради нелегален алкохол

Најмалку 29 лица починаа, а повеќе од 100 се хоспитализирани во јужната индиска држава Тамил Наду, откако испиле нелегално произведен алкохол, изјавија денеска властите за локалните медиуми.

Официјални лица изјавија за новинската агенција Press Trust of India дека некои од хоспитализираните се во критична состојба и дека бројот на загинати може да се зголеми.

Тим на брза помош, лекари и специјалисти од околните области беа вклучени во пружањето помош, пренесе АП.