Најмалку 17 луѓе загинаа откако руски проектил погодил станбена зграда во Одеса

Рано утрово руски проектил погодил деветкатница во украинското пристаниште Одеса. Загинаа најмалку 17 лица, а десетици се повредени, соопштија локалните власти.

„Еден проектил погодил зграда во градот Билхород-Днистровски, а предизвикал пожар во продавница до зградата“ – се наведува во соопштението на украинското Министерство за вонредни ситуации, кое претходно соопшти за 14 загинати и 30 повредени.

Портпаролот на регионалната администрација – Сергеј Братчук за украинската државна телевизија изјави дека во тек е акција за спасување, бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините на зградата.

„Друг проектил го погоди одморалиштето, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а едно лице е рането“ – рече Братчук.