Најмалку 128 уапсени по погребот на Навални – најголем дел подоцна пуштени на слобода
Вкупно 128 лица беа уапсени во 19 руски градови по погребот на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални за кого се сомнева дека беше убиен во затвор на Арктикот на 16 февруари по налог на Путин.
Најмалку 18 лица беа приведени во Новосибирск, 17 во Москва, по 10 во Екатеринбург и во Вороњеж.
Најголем дел од приведените подоцна биле пуштени на слобода. Ожалостените во Москва им пркосеа на властите со скандирање на барања „Русија без Путин“ и за крај на војната во Украина.
На погребот на Алексеј Навални, вчера во Москва, присуствуваа илјадници луѓе и покрај предупредувањето на руските власти дека собирата се забранети.
Навални беше погребан на Борисовските гробишта кои се наоѓаат во близина на куќата во која живеел како дете.
Церемонијата се одржа под засилени полициско присуство и мерки на безбедност.