Најмалку пет лица загинаа, а 18 се повредени во клуб во САД

Најмалку пет лица загинаа, а 18 други се повредени откако вооружен маж отворил оган во геј клуб во Колорадо Спрингс.

Очевидци велат дека во инцидентот биле погодени неколку лица и дека има неколку загинати.

Клубот Кју, каде што се случи инцидентот, се рекламира како „ноќен клуб ориентиран кон хомосексуалци и возрасни“. Во него се одржуваат тематски вечери со караоке и ди џеи.

„Напаѓачот е уапсен. Тој е во притвор и е повреден“ – потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро.