Најмалку пет загинати во невреме во Мичиген

Најмалку пет лица загинаа, а стотици илјади останаа без струја во торнадото и силните бури што во четвртокот вечерта ја погодија американската сојузна држава Мичиген.

Невремето предизвика штети на куќи, собори дрвја и прекин на сообраќајот, соопштија денеска властите.

ЕМС од округот Ингам соопшти дека едно лице загинало, а три други се повредени откако автомобили се превртеле на I-96 југоисточно од Лансинг.

Официјални лица соопштија дека едно лице загинало кога дрво паднало врз дом во Лансинг, главниот град на Мичиген.

Канцеларијата на шерифот на округот Кент соопшти дека уште три лица – една жена на 20-годишна возраст, едногодишно девојче и едно 3-годишно девојче – загинале во несреќи поврзани со бура во близина на Седар Спрингс во западен Мичиген.