Најмалку осуммина загинати при уривање на зграда во Бразил
При вчерашното уривање на станбена зграда во североисточниот бразилски град Ресифе загина најмалку осум лица, од кои две деца на возраст од пет и осум години.
Четири лица се извлечени живи од урнатините, а шест сè уште се водат како исчезнати.
Причината за уривањето сè уште не е позната, но изминатите денови Ресифе беше погоден од обилни дождови.