Тројца загинати и петмина повредени во тешката сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Поради сообраќајна несреќа блокирани се двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес, информираат од АМСМ.

Тројца патници загинаа, а петмина се префрлени в болница, откако попладнево се преврте комбе на автопатот Скопје-Велес, соопшти МВР.

„Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител”, велат од МВР.

На местото на несреќата први помош укажале две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес.

На терен можеа да се забележат километарски колони.