Најдобриот тим од Источната конференција елиминиран од НБА плејофот

Првото големо изненадување во плејофот на НБА се случи вечерва, бидејќи Кливленд Кавалирс, најдобриот тим во регуларната сезона во Источната конференција, беа елиминирани!

Првото големо изненадување во плејофот на НБА се случи вечерва, бидејќи Кливленд Кавалирс, најдобриот тим во регуларната сезона во Источната конференција, беа елиминирани!

Индијана Пејсерс ја остварија четвртата победа во полуфиналната серија од плејофот на Источната конференција со 114:105 и со тоа се пласираа во финалето со резултат од 4:1.

Индијана ја оствари оваа победа на гостински терен, а главен херој повторно беше Тајрис Халибартон со 31 поен, осум асистенции и шест скока, додека Паскал Сикам постигна 21 поен и осум скока.

Кај Кавалирс, Донован Мичел повторно се истакна како единствен расположен, постигнувајќи 35 поени и девет скока.

За потсетување, Кливленд доминираше во регуларниот дел од сезоната, завршувајќи со резултат од 64-18 како најдобар тим во конференцијата. Се очекуваше напад на трофејот, но вечерва се случи големо разочарување за навивачите.

Индијана сега го чека подобриот од серијата помеѓу Њујорк и Бостон во финалето на конференцијата, каде што Никс водат со 3:1.