Најдобрата светска тенисерка ќе брка трета титула на Ролан Гарос

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек, шампионка во Париз од 2020 и 2022 година ќе игра ново финале откако вечерва во два сета ја победи Бразилката Беатриз Хадад Маја и во битката за пехарот ќе се судри со изненадувањето Каролина Мухова.

Швјонтек славеше со 6-2, 7-6 за да обезбеди ново финале на Ролан Гарос.

Во првото полуфинале, Мухова направи сензација откако со 2-5 во третиот сет успеа да победи, спаси една меч топка и првпат во кариерата ќе игра едно гренслем финале, а оваа тенисерка досега во кариерата има само еден ВТА-трофеј.

Швјонтен со овој пласман во финалето сигурно го задржува првото место на ранкингот на ВТА.

Финалниот дуел е во сабота.