Најголем скок на цената на маслото за јадење, не заостануваат шекерот, брашното, оризот…
Лебот, млекото и јајцата во маркетите до вчера ги купувавме по поевтина цена, за нив немаше ДДВ. Од денеска се со покачени цени за 2, 3, 5 па и 20 денари.
Покачувањето на цените на лебот, млекото, маслото за јадење, јајцата, оризот, месото, брашното и шеќерот доаѓа откако вчера престана да важи антикризната мерката со која ДДВ од 5 отсто беше симнато на 0 – мерка што стапи во сила на 17. март годинава.
Најголем ценовен скок има кај маслото за јадење. Тоа во некои маркети е поскапено за 7, во други за 10, а во некои и за цели 20 денари.
На рафтовите стојат цените, но масло нема, продавачите велат дека вчера граѓаните масовно го купувале овој производ.
Цената на брашното е повисока од 6 до 8 денари за килограм, а оризот е со цена и за 10 денари повисока.
За 5 денари е поскапен и шекерот, но и цената на лебот е со исто толкаво покачување.
Освен повисоки цени во маркетите, граѓаните денеска ќе плаќаат и многу повисоки цени за горивата откако на полноќ нивната цена се зголеми за 9 денари.