Најголемиот необичен син дијамант кој некогаш бил прикажан на аукција е продаден во вторникот за повеќе од 44 милиони долари, што е далеку над проценката за претпродажба, објави аукциската куќа Christie’s.
Bleu Royal – 17,61-каратен живописно син дијамантски прстен, беше едно од претставените парчиња за продажба на аукциската куќа за време на „Женевската недела на луксуз“.
Куќата Christie’s процени дека прстенот ќе донесе околу 35 милиони долари, но Bleu Royal стана најскапиот накит продаден на аукција оваа година.
Christie’s соопшти дека овој скапоцен камен првпат по 40 години ќе смени сопственик, а станува збор за приватен колекционер.