На плажата во градот Гопалпур во индиската држава Одиша направен е најголемиот Дедо Мраз на светот од песок и 1,5 тона домати.
Индискиот уметник и скулптор Сударсан Патнаик ја претстави скулптурата и откри дека е со ширина од 18,2 метри и висина од 8,2 метри и ја направил со помош на неговите 15 ученици.
Патанаик за новинарите изјави дека тој и неговите ученици претходно направиле големи скулптури на Дедо Мраз користејќи различни материјали.
Скулптурата предизвика голем интерес кај посетителите.