Најголемата швајцарска банка и уште три големи банки се на работ на колапс

Швајцарската влада денеска предложи мерки за заштита на банката „УБС“ и три други системски релевантни банки во земјата од колапс сличен на оној што доведе до колапс на важната финансиска институција „Кредит Свис“ минатата година.

Во извештајот на 209 страници се претставени 22 мерки кои треба да ја зајакнат отпорноста на швајцарските банки, пренесува Ројтерс.

Целта на предлогот е да се подобри корпоративното управување и надзор, а швајцарскиот регулатор на финансискиот пазар FINMA ќе има повеќе овластувања. Предлогот ја нагласува важноста од подигање на капиталните барања на банките, како и потребата да се обезбеди нивна ликвидност во услови на криза.

Некои мерки се фокусирани на подобра соработка меѓу банките, регулаторите и властите.

Швајцарската влада, FINMA и Швајцарската народна банка се најдоа на удар минатата година за време на колапсот на банката Credit Suisse, бидејќи предолго се двоумеле да дејствуваат во кризата, според некои.

Најголемата швајцарска банка „UBS“ во март минатата година се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка „Credit Suisse“ за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да земе до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра) во загуби.