Најголемата британска фабрика за возови е пред затворање – гигант се гаси по 147 години
Фабриката за возови „Алстом“ од Велика Британија ја известила британската влада дека фабриката се гаси, пишува „Дејли мејл“.
„Работевме исклучително напорно со месеци за да избегнеме затворање на фабриката по 147 години постоење. Сега мора да започнеме со тешката задача да ставиме крај на производствените операции. Производниот јаз од ваков обем е целосно неодржлив за Алстом и нашиот синџир на снабдување“ изјави извршниот директор на „Алстом“, Ник Кросфилд, во писмото до Британците и до министерот за транспорт – Марк Харпер.
Во 2021 година, „Алстом“ и партнерот „Хитачи“ добија договор вреден околу 2,8 милиони фунти за изградба на 54 возови за железничката пруга ХС2.
Харпер, на својот профил на „Икс“, ја понудил својата поддршка на компанијата и ги охрабрил да продолжат да работат со изворните тимови на владата за да најдат излез од тешката ситуација и да ја одржат фабриката во функција.
„Alstom треба да продолжи да инвестира во својата локација Дерби со оглед на потврдената нарачка за HS2 и реновирање на патеката и други значајни идни можности, вклучително и неколку значајни нови нарачки на флота на пазарот“, напиша Харпер на својата сметка на „X“.
Медиумите шпекулираат дека околу 1.300 луѓе може да останат без работа.