Највисокото живо куче во светот е германската дога Зевс. Двегодишното куче го чуваат во Тексас, САД, а е високо 1 метар и 46 милиметри.
Догата Зевс влезе во Книгата со Гинисови рекорди на 22 март.
Инаку, Зевс јаде 12 чинии храна за кучиња дневно, а неговата сопственичка Британи Дејвис изјави дека отсекогаш сонувала да има вакво куче.
Покрај стандардната храна за кучиња, Зевс јаде и пржени јајца, а омилени му се коцките мраз.
Претходниот рекорд за највисоко куче, исто така беше германска дога – Фреди, кој почина минатата година. На 8 години беше висок 103,4 см.
Највисокото куче на сите времиња беше исто така наречено Зевс – германска дога висока 111,8 см.