„Најверојатно пак кабелот ќе биде виновен“, се огласи Милошоски за пожарот во кумановскиот суд

Минатата ноќ избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата, по што на терен интервенирале два камиони и седум пожарникари.

По пожарот во кумановскиот суд, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи.

– Изгоре судската архива во Кумановскиот суд и најверојатно пак кабелот ќе биде крив, вели Милошоски.