„Бројот на бегалците кои бегаат од војната во Украина наскоро би можел да се зголеми на над 1,5 милион луѓе“ соопшти агенцијата за бегалци на ОН – УНХЦР. Додаваат дека тоа е најбрзорастечката бегалска криза во Европа по Втората светска војна.
„Ова е најбрзо растечката бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот на Втората светска војна“ – изјави директорот на УНХЦР.
Приближно 1,3 милиони луѓе веќе ги напуштиле своите домови од почетокот на руската инвазија на Украина на 24. февруари.
Полска досега примила половина од вкупниот број бегалци, тврди полскиот претседател. Бројот на бегалци е висок и во Унгарија и Романија.
140.000 луѓе кои пристигнале во Романија во текот на првите 8 дена од војната отпатувале во други земји, а во Романија останале само околу 60.000, според податоците на УНХЦР.