Ринат Ахметов – најбогатиот Украинец вети дека ќе помогне во обновата на Мариупол, градот во кој тој има две челичарници.
Деловната империја на Ахметов се распадна како резултат на осумгодишниот конфликт во источна Украина, но тој е убеден дека „храбрите украински борци“ ќе го бранат градот на Азовското Море, кој беше срамнет со бомбардирањето.
„Мариупол е глобална трагедија и глобален пример за херојство. За мене Мариупол бил и секогаш ќе биде украински град. Мојата амбиција е да се вратам во Мариупол, Украина и да започнам нов производствен план за да може челикот од Мариупол повторно да се натпреварува на светскиот пазар како порано“ – рече Ахметов.
„Ќе ја обновиме цела Украина“ порача тој.
Според Форбс, богатството на Ахметов во 2013 година изнесувало 15,4 милијарди американски долари, а моментално изнесува 3,9 милијарди долари.