Најави за откази во Германија поради високите цени на гас и струја
Голем број германски компании, околу 40% од нив го чувствуваат негативното влијание на растот на цените на енергенсите.
Голем дел од нив планираат да ги намалат вложувањата затоа што сметките за гас и струја во Германија минатиот месец достигнале рекордно ниво.
Околу 46 отсто од компаниите изјавиле дека планираат да ги намалат вложувањата поради растот на цените на енергијата, а четвртина очекуваат интензивен ценовен шок во втората половина од годината, покажува истражувањето на „Ифо“.
Во истражувањето учествувале 1.100 компании, главно семејни, и покажало дека секоја десетта размислува за целосно откажување од енергетски интензивни проекти, додека 14 отсто размислуваат за отпуштање на работници.
Речиси 90 отсто од компании сметаат дека веројатно ќе мора да ги зголемат цените за да се справат со растечките трошоци, додека три четвртини планираат да ги зголемат инвестициите во енергетската ефикасност.