Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и Турција, грчките земјоделци продолжуваат со протестите, планирани се нови затворања на границите во текот на денешниот ден, а во градот Ираклио на грчкиот остров Крит аеродромот беше затворен до рано утрово и беа откажани низа летови, јави дописничката на МИА од Атина.

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и Турција, грчките земјоделци продолжуваат со протестите, планирани се нови затворања на границите во текот на денешниот ден, а во градот Ираклио на грчкиот остров Крит аеродромот беше затворен до рано утрово и беа откажани низа летови, јави дописничката на МИА од Атина.

Како и во изминатите денови, така и денеска, граничниот премин Евзони се очекува да биде неколку часа блокиран напладне, односно од 12 до 16 и попладне од 18 до 22 по локално време, а единствено одлуката нема да важи за грчките камиони што излегуваат до земјата.

Конкретниот блок со паркирани над 300 трактори, беше поставен минатиот понеделник, а земјоделците секојдневно одлучуваат кога ќе го блокираат граничниот премин и колку часа ќе трае.

Трактори се паркирани и на граничниот премин Ники (Меџитлија), а според грчката новинска агенција АНА-МПА закажана е четиричасовна блокада од 10 часот по локално време.

Проблеми има и на граничните премини кон Бугарија и Турција, исто како и во изминатите денови.

На островот Крит, во градот Ираклио откако вчера на патот кон аеродромот, земјоделците се судрија со полицијата, го пробија полицискиот блок, успеаја да стигнат до објектот и упаднаа на пистата, аеродромот беше затворен од доцна синоќа до рано утрово и во прекин беа сите летови.

Инциденти меѓу земјоделците и полицијата вчера имаше и во Ханија, исто така на Крит и исто така во обид насобраните лица да стигнат до аеродромот во конкретниот град.

Главниот блок на земјоделците е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, а за утре најавен е протест во градот Волос и блокада на пристаништето.

Во централна Грција блокади има и на автопатот Е65 што ги поврзува градовите Ламиа, Кардица и Трикала со автопатот Егнатија.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството.

Засега нема информации до кога ќе траат.

На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.