Најава за „Трилинг“: Ќе ги тргне ли власта рацете од судската и обвинителската власт?
Што ќе биде прв индикатор дека власта ќе ги тргне рацете од судската и обвинителската власт? На ова прашање во новото издание на „Трилинг“ одговара Универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев.
-Политичката власт ќе реши проблемите на судската, а посебно не со сечење глави внатре во судската власт. Значи прво не е самокритично, не го решава вистинскиот проблем. Вистинскиот проблем се политичките влијанија. Членовите на судскиот совет веднаш ја нападнаа судијката Кацарска за да покажат дека не се непријатели на извршната власт и дека се подготвени да соработуваат. Тоа се сосема погрешни сигнали од двете страни, вели професорот Калајџиев.
Дали е парадоксално специјализант да зема плата од 26,000 денари?
Александра Георгиева, Претседателка на Здружението на приватни специјализанти вели дека откако ќе дадете 14.000 евра како доктор и работите за 26,000 денари и дежурате, треба дополнително да се плати 1.000 денари за државата да ви издаде уверение дека вие сте станале специјалист.
Зошто општините немаат капацитет за самоодржливост?
– Веројатно од лошото менаџирање на самите општини и можеби наследените долгови од минатото, вели во гостувањето во „Трилинг“ градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Погледнете ја најавата за вечерашното издание на Трилинг со Горазд Чомовски: