(Видео) Најава за Трилинг: Кој го создаде раздорот во Алијанса за Албанците?

Кој го создаде раздорот во Алијанса за Албанците? Дали Таравари може да очекува целосна поддршка од членството? Дали конечно ќе се реформира целото здравство? Дали онколошките пациенти може да останат без лек?

Ова се дел од прашањата на кои ќе одговориме во денешната емисија.

Во „Трилинг“ вечерва гостуваат: Ирена Мулачка, уредник во медиумот „Фокус“, Марко Трошановски кој е аналитичар и Фатмир Меџити, министер за здравство во заминување.

Не пропуштајте го ова издание во кое ќе ги разобличиме сите невистини на актуелните теми.