Најава за „Трилинг“: Зошто Тачи и ДПА одлучија да влезат во европскиот коалициски блок предводен од ДУИ?

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во гостувањето во „Трилинг“ порача дека „интегративниот процес е генералниот имунитет на оваа држава“.

– Ако не постои интеграцискиот процес ние сме на милиметар од растурање на оваа држава, порача Тачи.

На прашањето што ги обедини со Ахмети, првиот човек на ДПА истакна дека главниот столб на успешноста на Пржинскиот договор се токму тие двајца.

– ДУИ влегува во политиката како бивша герила. Таа кога влегува во политиката, мислат дека тие се закон и морал. ДУИ 2024 година и ДУИ 2002 година има огромна разлика, вели Тачи.

Актуелната директорка на УЈП и Заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска ја расчистува дилемата зошто не успеала актуелната гарнитура на СДСМ да ги валозира на, според нивните изјави, успешни политики.

– Бевме прескромни или малку се фалевме, за тоа ни замеруваат буквално сите, меѓу повеќето забелешки и оваа. Затоа што бевме на едно друго време, кога имавме постојани паради, истакна таа.

Дали сме жртви и поданици на новата моќ на поединци, одговара третиот гостин во емисијата, проф. д-р Калина Малеска, автор на книгата „Светот што го избрав“.

– Се надевам дека не сме, сакам да верувам дека не сме, но тоа не е доволно, бидејќи не е доволно само да се верува, туку треба да имаме и претстава за реалноста околу себе, истакнува професорката.

Погледнете ја најавата: