Началникот од МВР кој го поддржа Хамас заработи дисциплинска постапка

Одделот за внатрешна контрола при МВР постапува по случајот со полицискиот службеник Аднан Синани по неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции, соопштуваат од МВР.

„Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог“, велат од МВР.

Инаку Синани од профил на Фејсбук под псевдоним изразувал поддршка на нападите на палестинските милитанти Хамас врз Израел.. Синани е началник на Одделот во МВР кој се грижи за обезбедување на функционерите во државата, како и за високи странски делегации