
Национална конференција за трансфер на технологии, иновации и вмрежување „ТвинТек Конект 2025“
Целта на конференцијата е да го поттикне дијалогот и соработката меѓу клучните актери во иновацискиот екосистем, со фокус на унапредување на политиките за иновации и трансфер на технологии, како и на јакнење на институционалните капацитети за развој на иновации.
Во Скопје денеска ќе се одржи Националната конференција за трансфер на технологии, иновации и вмрежување „ТвинТек Конект 2025“ – платформа за поврзување на истражувачката заедница, јавните институции, образовниот сектор и индустријата во Македонија.
Целта на конференцијата е да го поттикне дијалогот и соработката меѓу клучните актери во иновацискиот екосистем, со фокус на унапредување на политиките за иновации и трансфер на технологии, како и на јакнење на институционалните капацитети за развој на иновации.
Настанот е организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network.
Конференцијата предвидува панел-дискусии, тематски сесии и интерактивни работилници, со учество на над 100 претставници од високообразовни и истражувачки институции, министерства и државни агенции, стопански комори и бизнис-поддржувачки организации, мали и средни претпријатија, стартапи и корпоративни лидери, и граѓански организации активни во развој на политики и иновациски практики.
Главни теми на конференцијата ќе бидат „Вештини за трансфер на технологии во истражување и иновации“, „Зајакнување на иновациската култура преку дискусија и препораки за: Дигитална трансформација: Патот кон Индустрија 4.0; Зелени иновации: Циркуларна економија и Upcycling; Култура на иновации: Алатка за трансформација и раст и „Изградба на инклузивен иновациски екосистем“.
Покрај дискусиите, конференцијата ќе овозможи директно вмрежување (networking) помеѓу учесниците, со цел креирање на нови партнерства, заеднички проекти и долгорочна соработка.