Нафтата на светските пазари падна под 125 долари
Денеска цените на нафтата на светските пазари паднаа под 125 долари, под влијание на оценката на трговците дека шокот во снабдувањето може и да не се влоши по американското ембарго на руската нафта и најавата на ИЕА за нов циклус на продажба на нафта од стратешките резерви.
Цената на барелот на лондонскиот пазар попладнето падна за 3,56 долари во однос на претходното затворање, на 124,42 долари.
На американскиот пазар со барел се тргуваше по пониска цена за 3,99 долари, од 119,71 долар.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера објави забрана за увоз на руска нафта.
САД во 2021 година во просек увезувале повеќе од 20,4 милиони барели сурова нафта и деривати месечно од Русија, што одговара на околу 8 отсто од увозот на гориво во САД.
Велика Британија, исто така, вчера објави дека постепено ќе престане да увезува нафта од Русија.
На почетокот на оваа недела, руската инвазија врз Украина накусо ја зголеми цената на нафтата во Лондон на 139 долари.