НАТО: Русија и Иран го напуштија Асад кога престана да им биде корисен
Русија и Иран споделуваат одговорност за злосторствата кои режимот на Башар ал-Асад ги изврши врз сирискиот народ, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Русија и Иран споделуваат одговорност за злосторствата кои режимот на Башар ал-Асад ги изврши врз сирискиот народ, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
– Москва и Техеран беа главните поддржувачи на Асад. Се покажаа како непостојани партнери, напуштајќи го Асад кога тој престана да им биде корисен, рече Руте.
Тој го опиша падот на поранешниот сириски лидер, кој беше симнат од власт од страна на исламистичките бунтовници, како „момент на радост, но и неизвесност за сирискиот народ и регионот“.
– НАТО посакува мирен пренос на власта и инклузивен политички процес предводен од Сирија, истакна Руте. Тој додаде дека западниот воен сојуз „внимателно ќе го следи“ однесувањето на водачите на бунтовниците за време на транзицијата.
– Мора да го поддржат владеењето на правото, да ги заштитат цивилите и да ги почитуваат верските малцинства“, потенцираше тој.