НАТО: Поднесен предлог за повлекување на Франција

За првпат во Франција е поднесен парламентарен предлог со кој се повикува на повлекување на државата од НАТО, а иницијативата ја иницираше потпретседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија Непокорна Франција (LFI), Клеманс Гете.

Резолуцијата бара раскинување со западниот воен сојуз и доаѓа во време на растечки сомнежи за улогата на САД и насоката на европската безбедносна политика, објави „Берлинер Цајтунг“.

Гете изјави дека политиките на САД, вклучувајќи го „нелегалното киднапирање на претседателот на Венецуела (Николас Мадуро)“, заканите кон Гренланд, санкциите против европските претставници и наметнувањето трговски договори – покажуваат дека САД „ефикасно ѝ доделуваат на ЕУ статус на вазална држава“.

Таа верува дека членството на Франција во НАТО ја изложува земјата на стратешки ризик и би можело да ја вовлече во конфликти што не се во согласност со нејзините интереси.