
НАТО повикува на почитување на уставниот поредок во Босна и Херцеговина
НАТО цврсто го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина според Дејтонскиот договор, кој мора да се почитува, бидејќи тоа е основа на стабилноста и државноста, порача денеска заменик-генералниот секретар на пактот, Радмила Шекеринска, во изјава во седиштето на Алијансата во Брисел.
– НАТО цврсто го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина според Дејтонскиот договор, кој мора да се почитува, бидејќи тоа е основа на стабилноста и државноста, порача денеска заменик-генералниот секретар на пактот, Радмила Шекеринска, во изјава во седиштето на Алијансата во Брисел.
Уставниот поредок во државата треба да се зачува, нема да прифатиме безбедносен вакуум и нема да дозволиме да се наруши тешко стекнатиот мир. Стабилна и безбедна Босна и Херцеговина е во наш интерес и е од корист на сите. Земјата е вреден партнер, подготвени сме да ја продлабочиме нашата соработка. Сакаме Босна и Херцеговина да напредува на патот кон ЕУ и НАТО. Многу е постигнато, се надеваме дека ќе продолжиме на оваа основа во интерес на оние што живеат таму. Остануваме загрижени поради последните случувања“, додаде Шекеринска.
За состојбата во земјата денеска е предвидено да разговараат амбасадорите на земјите од НАТО и претставници на Претседателството на Босна и Херцеговина. Се очекуваше утрината изјави да дадат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и тројцата претставници на Претседателството, но потоа изјава даде само Шекеринска.