(Видео) НАТО инвестира, ЕУ се буди, Македонија сѐ уште во лавиринт

Oдржан долгонајавуваниот НАТО самит во Хаг. Европарламентот соочен со извештајот за Македонија. Иранско-израелскиот судир од латентен прерасна во конфликт прерасна со вмрежување на интересите на најмоќните. Со реакциите по самитот на Алијансата за „Трилинг“ со д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет и аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“.

Oдржан долгонајавуваниот НАТО самит во Хаг. Европарламентот соочен со извештајот за Македонија. Иранско-израелскиот судир од латентен прерасна во конфликт прерасна со вмрежување на интересите на најмоќните. Со реакциите по самитот на Алијансата за „Трилинг“ со д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет и аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“.

-Ако се има предвид дискусијата која се водеше околу дополнителните инвестиции во одбраната, различното позиционирање на различни држави и прифаќањето на аргументите на Шпанија првенствено во однос на инвестициите во одбраната и како тоа ќе го постигне, веројатно е ново стратешко прегрупирање.. По однос на позиционирањето со целосна поддршка за Украина и одбраната на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет значи дека продолжуваме со истите чекори. Претпоставувам дека сите си заминаа позадоволни и посреќни затоа што Трамп на пример го доби она што го бараше – повеќе инвестиции во одбраната од сите држави членки. Европјаните – определба за одбрана Украина и нејзиниот територијален интегритет. Претпоставувам дека се сите среќни и задоволни, вели за „Трилинг“, аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“.

Според д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет овој Самит ги изложи сите оние предизвици на коишто е изложено транс-атлантското партнерство во последниот период , а коишто неминовно имаат одрази за Македонија.

-Оној трансакциски однос којшто вообичаено се споменува најде свој израз помеѓу исполнување на главното барање на Доналд Трамп, а тоа беше зголемување на оној дел од буџетот кој земјите од Алијансата се спремни да го одвојуваат. 1,5% за одбраната, но и 1,5% за критичната инфраструктура со земање предвид на сите аспекти на безбедносната ситуација. Од друга страна за возврат едно би рекла едно потврдување на Членот 5 од Договорот за НАТО кој се однесува на колективната одбрана, вели Огњаноска Ставровска.

Според неа, се изложи онаа теза дека постоењето на НАТО е особено значајно за одржување на европската безбедносна архитектура и заканата од Русија како главна закана за Европа, додека пак улогата на САД во тој поглед сѐ уште е носечка и видовме дека САД сѐ уште добро се справуваат со сите случувања и како земја хегемон.

-Од друга страна пак за Европа тоа значи, како што најави претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, еден момент на будење коешто одамна се најавуваше, но и еден момент на создавање на менталитет на одлучност односно Европа како една безбедносна сила многу различно на оној наратив на нормативна сила на којшто ние сме навикната до сега. Од друга страна за таква Европа очигледно ќе треба подолго време, па поради тоа на европските лидери би рекла дека им беше особено битно да ја добијат одново таа безбедносна гаранција од страна на САД, смета Огњаноска Ставровска.

Говорејќи за спорот евроинтегративниот пристап на Македонија, и спорот со Бугарија, Стојковски пак смета дека постојано правиме грешки во чекорите, ги менуваме ставовите и позициите, се затвораме себе си или си го ограничуваме патот на самите себе.

-Лидерите од двете држави можеби беше потребно да договорат нешто во билатерална средба, иако тие многу повеќе се ограничени од дискурсот кој го водат сите политичари во државите, нашите овде, нивните таму.

Огњаноска Ставровска смета дека доколку сакаме ова да го пресликаме на односите со Македонија тогаш многу од безбедносните прашања ќе бидат се повеќе во центарот на вниманието, така што онаа нормативна димензија на ЕУ која се однесува на заштитата на одредени вредности поаѓајќи од владеењето на правата, демократијата, заштитата на човековите права, правата на малцинствата можеби во одредена мера ќе се трансформираат за сметка на создавање на една одбранбена Европа.

„Па така некои од прашањата кои се особено горливи за нашиот процес веројатно ќе треба повеќе да најдат одраз во наше поодлучно дејствување и можеби тука би требало да бидеме малку пореалистични во однос на улогата којашто ЕУ може да ја одигра во таа насока, вели Огњаноска Ставровска.

Стојковски потенцира дека треба да имаме време за да ја изградиме добрата позиција, прво овде лично кај нас за да можеме да одиме било каде.

„Македонија покажа дека може да биде дел од преговарачката маса, да учествува во изнаоѓањето на солуции. На крајот на краиштата бевме претседавачи со ОБСЕ во текот на една година. Успеавме добро да се справиме со тоа и на крајот на годината со министерскиот совет овде во Скопје изјавата беше дека го спасивме ОБСЕ во Скопје, значи дека сме успеале да помогнеме во обработувањето на теренот и во создавањето на консензусот. Така се градат решенија и пристап за стратешки прашања. Во моментов мислам дека постојано вадиме некакви нови тези или нови барања, очекувања се со цел да најдеме некоја друга точка кадешто ќе ја истуриме одговорноста“, вели Стојковски.

Д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет вели дека дискусијата во Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент покрена одредени бурни реакции кои резултираа со усвојување на извештајот и до израз дошле многу предизвици ЕУ внатре..

-Усвојувањето на Извештајот на Комисијата секако дека е позитивен чекор, но тоа можеби беше резултат и на некој обид да се заштити интегритетот пред сѐ на известителот, а и на европратениците во Комисијата. Сепак треба да имаме предвид дека следува усвојување на извештајот и од страна Европскиот парламент и повторно се најавуваат одредени предизвици кои нам ни кажуваат дека секоја една битка колку и да е значајна не може до крај да ја разреши ситуацијата додека не дојдеме до она конечно совладување на пречките кои и понатака ќе не очекуваат на патот кон ЕУ, смета Огњаноска Ставровска.

Разговорите со аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“ и д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет погледнете ги во видеото.