НАТО го поздрави договорот меѓу Србија и Косово

НАТО го поздравува договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти постигнат на средбата во Охрид.

Претставникот за печат на НАТО, Оана Лунгеску, изјави дека Северноатлантската алијанса го поздравува договорот. На Твитер, Лунгеску ги повика двете страни целосно да го спроведат договорот.

„НАТО го поздравува договорот што го постигнаа претседателот на Србија и Албин Курти во дијалогот со посредство на ЕУ, на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Ги повикуваме двете страни брзо и целосно да го спроведат договореното. Ние сме посветени на стабилноста на Западен Балкан, вклучително и НАТО и КФОР“, рече Лунгеску, пренесува Косово онлајн.