Воената Алијанса – НАТО на своите воени команданти се очекува денеска да им каже да подготват нови планови за заштита од Русија, откако земјата започна инвазија врз Украина. Таквите планови ќе вклучуваат повеќе војници и ракетна одбрана во Источна Европа, објави агенцијата „Ројтерс“.
Информациите се дека целта на новите планови е да се подигне подготвеноста за одвраќање на Русија од каква било агресија против НАТО.
„Треба да го ресетираме нашиот воен став за оваа нова реалност“ – рече вчера генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.
Денеска има закажано вонреден состанок на министрите за одбрана на НАТО на кој ќе учествува и македонската министерка за одбрана – Славјанка Петровска.
„Министрите ќе започнат важна дебата за конкретни мерки за зајакнување на нашата безбедност на долг рок во сите области“ – рече Столтенберг.