Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Денеска во Градски парк на Школка со почеток во 11 часот, ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на Аутизам ААМК, што е шести по ред инклузивен настан од ваков вид од 2018 година, соопштија организаторите.

-Како и претходните така и овојпат повторно тоа ќе биде една голема игротека со многу разновидни игри, работилници, едукативно, музичко, ликовно катче и многу други бројни интересни активности. Настанот ќе трае до 14:30 часот и според минатото искуство и оваа година очекуваме голема посетеност. Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, сакаат да покажат дека и тие знаат, умеат, можат да пеат и танцуваат. Сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` – сакаат да другаруваат, да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно. Впрочем тоа сите го сакаме нели, соопштија организаторите.

Наведуваат дека преку игра да им покажеме на семејствата со деца со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови кои се резултат само на страв од непознатото, да дојдат на Школка, да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата состојба или болест, да се обидат да најдат начин на кој би им помогнале.