Насловните страници на британските медиуми за Лиз Трас: Готово е, времето помина!

Вчерашниот ден беше многу турбулентен за политичката сцена на Велика Британија.

Министерот за финансии Кваси Квартенг беше сменет по помалку од 6 недели на функцијата, откако владиното големо намалување на даноците предизвика превирања во финансиските пазари.

Премиерката Лиз Трас планираше да го зголеми корпоративниот данок од 19 на 25 отсто, но во новиот пресврт се повлече од тоа.

Денеска британските медиуми на своите насловни страници со силен напад за Трас.

„Ден на хаос“ – пишува Гардијан. Оттаму велат дека пресвртот на Трас во даночната политика е предавнички.

„Времето помина“ – стои на насловната страница на Мирор, кој известува за сѐ погласниот повик на избори.

Сличен е тонот и на Дејли Телеграф и Тајмс.

Дејли Телеграф пишува дека Трас се „придржува“ на власт, а Тајмс смета дека со разрешувањето на Квартенг, британската премиерка си купила само неколку недели.

„Уште колку таа (а и сите ние) може да издржи?“ – прашува Дејли Мејл. На насловната страница ги има зборовите „Готово е“.