Кој ќе биде наследникот на Борис Џонсон на чело на владејачката британска Конзервативна партија ќе биде познато на 5. септември, соопшти синоќа парламентарната Комисија одговорна за утврдување на правилата за гласање.
Одборот соопшти дека поднесувањето на кандидатурите ќе биде завршено денеска, а првиот круг на гласање, во кој ќе бидат елиминирани неколку од досега пријавените 11 кандидати, ќе се одржи в среда.
Џонсон, кој на 7. јули поднесе оставка од функцијата лидер на конзервативците, тогаш изјави дека ќе остане на чело на владата до изборот на нов лидер на партијата, кој автоматски ќе стане премиер.