Народната банка на Србија ја крена референтната камата на 5,5 отсто

Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за зголемување на референтната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 5,5 отсто. Во иста мера е зголемена и стапката на депозитните средства – на 4,5 отсто, како и стапката на кредитните капацитети – на 6,5 отсто, објави НБС.

Тоа е 11-то зголемување на референтната каматна стапка од април минатата година, кога првпат беше зголемена за 0,50 отсто од 1 на 1,50 отсто.

НБС за исто толку ја зголеми каматната стапка во мај и јуни, додека Извршниот одбор донесе одлука за зголемување од по 0,25 отсто во јули и август, а потоа во септември за нови 0,50 отсто. Потоа следеше зголемување на истиот износ за следните три месеци, додека НБС во јануари одлучи да го забави темпото на зголемување на референтната каматна стапка и да ја зголеми за 0,25 отсто.

Зголемувањето на референтната каматна стапка се пренесува и на останатите каматни стапки на пазарот, па значи натамошно зголемување на цената на кредитите и за стопанството и за населението. Додека на каматните стапки на кредитите, индексирани во евра, првенствено влијае политиката на Европската вентрална банка, која ја зголеми каматната стапка минатата недела, динарските кредити се под влијание на движењето на референтната каматна стапка на Народната банка на Србија.