„Наредните месец ипол се одредува судбината на Македонија“, вели Влатко Ѓорчев

Стопроцентно стојам зад програмата на ВМРО-ДПМНЕ, зад понудата на ВМРО-ДПМНЕ, онаму каде што сум целиот свој живот. Убеден сум дека во оваа ситуација која што ја имаме актуелната власт не треба само да биде поразена, таа треба да биде жестоко и убедливо поразена, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Приоритетот за мај е јасен, а тоа е нова Влада, нова надеж за Македонија, да ги оправиме овие тешки состојби во кои што се наоѓаме“, порача тој.

Ѓорчев додаде дека не може да се помири со тоа да Македонија секогаш во секоја варијанта е губитник, не може и не сака да се помири со тоа да по сите индикатори во цела Европа Македонија да е најлоша.

„Наредните месец ипол се одредува судбината на Македонија“, нагласи тој.

„Македонија со актуелната власт е најлоша и на Балканот и во Европа. Во таква Македонија не сакам да живеам, јас и моите деца, туку сакам да живееме во подобра земја. Значи не треба да ветува брда и долини, но едноставно да биде подобра земја. Целта е во регионот да бидеме најдобри“, рече Ѓорчев.