
Наполи одби 60 милиони евра за Осимен
Италијанскиот фудбалски првак Наполи ја отфрли и втората понуда од Галатасарај за напаѓачот Виктор Осимен, кој минатата сезона ја мина на позајмица во турскиот гигант.
Италијанскиот фудбалски првак Наполи ја отфрли и втората понуда од Галатасарај за напаѓачот Виктор Осимен, кој минатата сезона ја мина на позајмица во турскиот гигант.
Како што синоќа објавија италијанските медиуми, се очекува Наполи да го продаде 26-годишниот нигериски фудбалер ова лето, а неговиот договор има откупна клаузула вредна 75 милиони евра, која важи за клубови надвор од Италија.
Според италијанските медиуми, Осимен ги договорил личните услови на тригодишен договор со Галатасарај, со можност за продолжување на соработката за уште 12 месеци.
Сепак, двата клуба не постигнале договор, а „Скај Италија“ објави дека Наполи одбил понуда од 60 милиони евра и настојува да добие сума приближно до вредноста на откупната клаузула.
Осимен во 2020 година дојде од Лил во Наполи, а минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај каде постигна 37 голови и имаше осум асистенции на 41 натпревари за турскиот клуб.